Младите од Штип дел од креативна работилница

Од:

Основци и средношколци денеска во Домот на млади во Штип беа дел од креативна работилница.

Тие со отпадни матерјали како што се хартија, текстил и пластика изработуваа предмети, кои што можат да се користат во еден дом.

Дијана Јованова член на Советот на млади на Општина Штип вели дека работилницата е во рамките на одбележување на Денот на креативноста и иновацијата.

– Целта е да ја подгнеме свеста кај младите, да ги рециклираме отпадните материјали од текстил, весници и пластика. Да изработат дела од кои понатаму можат да се искористат, како предмети, кои можеме да ги користиме во нашето секојдневие, рече Јованова.

Организатор на настанот е Советот на млади во соработка со Американското катче од Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена