Младите на Демократскиот сојуз избраа свое ново раководство

Од:

Денес, на 22.12.2012 година, младите на Демократски сојуз одржаа Изборно Собрание и го избраа своето ново раководство.

Претседателот на Демократскиот сојуз, господин Павле Трајанов, во оваа прилика им се обрати на 150те делегати на младинската организација и на новото раководство и изрази задоволство од енергијата која ја пренесуваат од ова Собрание, со што јасно ја праќаат пораката дека имаат идеи и дека имаат визија. Во своето обраќање, Претседателот Трајанов, уште еднаш ја нагласи определба на ДС за влез во ЕУ и НАТО алијансата и се осврна на неколку актуелни прашања, како што се потребата од усвојување на буџетот на РМ и продолжување со реформите во интерес на нови системски решенија кои ќе обезбедат услови за подобра иднина на сите граѓани на Република Македонија. Претседателот Трајанов ги информираше младите за подготовките за претстојните локални избори и за преговорите кои течат во коалицијата „За подобра Македонија“.

Поранешниот претседател на ДСМ, м-р Весна Стоименовска, во својот извештај за досегашните активности, порача: „Секоја промена значи нова енергија и нов предизвик. Во Демократскиот сојуз на младите за секој има место, го застапуваме принципот на еднакви можности и веруваме дека секој млад човек има право да биде почитуван и право да живее и работи во општество во кое нема говор на омраза, насилство или било какви поделби. И токму младите луѓе се оние кои можат и треба да го менуваат и унапредуваат системот и да создаваат нови вредности.“

На Изборното Собрание, делегатите на ДСМ мандатот да го води новото раководство на ДСМ му го доверија на Даниел Ефтимов, магистер по економски науки,кој е избран за нов претседател на ДСМ.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократскиот сојуз: Да гласаме за стабилна, силна и унитарна Македонија

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените