А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Младите математичари ги одмеруваат силите на регионалниот натпревар во Струмица

by А1он18/02/2017 - 12:1698
Share0

Во Струмица денеска се одржа регионалниот натпревар по математика, на кој учествуваа 110 средношколци од општините на југоистокот. Тестирањето го организира Сојузот на математичари на Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Професорите по математика велат дека математиката не е апстрактна наука, туку стравот кај учениците е проблем.

– Математиката не е многу апстрактна наука. Проблемот е стравот од обврски. Реформите во образованието придонесуваат за развој на оваа наука, но некогаш знаат да заминат и во погрешна насока. Нашата цел е да им всадиме љубов кон математиката, а учениците повеќе да вежбаат дома, рече Петруш Џорлев, професор по математика.

Од Сојузот на математичари велат дека голем е интересот кај средношколците кои се дел од натпреварот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Колку и дали ќе придонесе Кембриџ програмата во развој на математиката и постигнување подобри резултати ќе знаеме по неколку години кога ќе поминат неколку генерации. Сега за сега е важно децата да се повеќе заинтересирани, зошто целата технологија се базира на применета математика. Професорите да им вградат љубов, а самите ученици да обрнат повеќе внимание и да решаваат многу задачи, вели Ана Наумческа од Сојузот на математичари на РМ.

Сојузот на математичари има четири нови меѓународни натпревари со интернационални дипломи кои се признати на сите Универзитети во светот кои се подготвени за упис на врвни математичари и од Македонија.

strumica

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:04

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он04/09/2026 - 14:11

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Горан Наумовски25/08/2026 - 15:06

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 17:29

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 12:51

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски06/08/2026 - 14:2906/08/2026 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео