Младите до 27 години бесплатно со воз секој прв и трет викенд

Од:

Првата група млади до 27 години денеска замина за Велес со воз од железничката станица во Скопје искористувајќи ја новата владина мерка за бесплатен викенд најавена пред неколку дена.
 
– Практично од овој викенд започнуваме со новата мерка. Секој прв и трет викенд во месецот ќе биде бесплатен за младите до 27 години, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Потсети дека од 2014 година досега младите луѓе до 27 години бесплатно можеа да се превезуваат со возовите на Македонски железници само третиот викенд во месецот.

– Субвенциите на оваа мерка досега ги имаат искористено преку 50.000 граѓани односно млади луѓе до 27 години, што значи директна заштеда од преку 300.000 евра. Ние видовме дека е многу важно да го продолжиме овој стимул и да им дадеме можност на младите првиот и третиот викенд во месецот бесплатно да се возат, истакна Мисајловски.

Според него, ќе се направи дополнителен стимул сите оние млади луѓе да можат дополнително да се возат бесплатно, а од друга страна да почуствуваат и една комоција со новите возови што пристигнаа. 

– Едниот воз веќе почна да оперира. Вториот може да видиме дека е поставен на пругите. Очекувам дека до средината на овој месец и тој ќе почне да сообраќа. Третиот воз исто така пристигна и набрзо ќе го ставиме во функција. Ќе го испочитуваме договорот што го имаме потпишано со кинеската фирма до јуни да стигнат сите возови и потоа да влезат во сообраќај, истакна Мисајловски. 

За Мисајловски, како што рече, е многу важно што младите го поздравуваат овој проект и мерките што ги презема Владата а што беа најавени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. – Младите ќе имаат подобар и поквалитетен живот, а од друга страна ќе се заштеди доста од нивните буџети, посочи министерот за транспорт и врски.

Мисајловски заедно со повеќе млади луѓе од железничката станица во Скопје со возот се упати кон Велес.    

Младите ќе можат да ја користат мерката во првиот и третиот викенд во месецот почнувајќи од петок на пладне до понеделник до 12 часот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза