Младински совет им е потребен на младите и на младинските политики во општина Центар

Од:

Вчера, на 22 декември 2014 година, во просториите на „Црвен Крст“ се одржа трибина „На кафе во Центар“, посветена на младинското организирање и застапување на потребите на младите во општина Центар. Трибината е организирана од Иницијативниот одбор за формирање на младински совет во Центар, дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, финансиран од Европската Унија.

На трибината „На кафе во Центар“ учество земаа претставници на Иницијативниот одбор, претставници од општина Центар, други организиции и форми на младинско здружување. Според учесниците посакувана форма на младинско претставничко организирање е онаа која ќе понуди директната вклученост на младите и преку која нивниот глас ќе биде чуен, особено на важни прашања од младински интерес.

„Со локалното учество се надевам на значителен успех за младите да бидат поинформирани кои ги донесуваат одлуките за нив и да бидат повеќе вклучени во донесувањето одлуки“, рече Александар Стојановски од „Црвен крст“ на општина Центар.

Иницијативниот одбор кој во изминатите месеци работи на промоција за потребата од Локален младински совет, е составен од 10тина организации и политички подмладоци, кои поминаа циклус обуки, креираа план за акција и беа во комуникација со општина Центар за покренување на оваа иницијатива.
Иницијативниот одбор во месец декември спороведе и мала онлајн анкета со цел да го дознае ставот на младите во Центар, изготвувајќи заклучоци кои беа презентирани на трибината. “Според резултатите од оваа анкета, половина од младите сметаат дека не се информирани за работата на општината, и не вклучени во нејзиното работење и донесување одлуки. Испитаниците се изјасниле дека би сакале да се формира младински совет кој ќе биде дел од општината”, соопшти Горан Таневски член од Иницијативниот одбор за формирање младински совет во општина Центар. Сепак оваа анкета е спроведена на мал број млади и служеше за добивање на основни насоки за актуелните ставови на младите.

Според Филип Аврамчев, претставник од Општина Центар, пред една и пол година, политика за младите речиси и да не постоела. „Младите се тие кои треба да ја креираат политиката, а не некои службеници, бидејќи знам дека гласот на младите слабо се слуша, а ова ќе дозволи гласот да им се чуе“, рече Аврамчев. Тој исто така уште еднаш ги поддржа присутните и целата Иницијативата за формирање на младински совет, со надеж дека ќе биде успешна и младите конечно ќе добијат можност да ги застапуваат своите интереси пред општински власти.

Членовите на Иницијативниот одбор го најавија и наредниот јавен настан „Денови на вмрежување“,каде ќе се дефинира и структурата на младинскиот совет во општина Центар. На овој дводневен настан ќе се дискутира неговата функција, структура, критериуми за членство. Настанот ќе биде отворен за сите младински организции, формални и неформални структури од Центар кои спроведувале активности за млади.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории