Млади правници даваа бесплатни правни совети и информации

Од:

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) во рамките на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица даваше бесплатни правни совети и информации.

– Правна помош ќе се обезбедува со теренски посети во руралните и исклучените средини од Југоисточниот и Вардарскиот регион, каде живеат поединци и семејства со ниски приходи, кои поради социјалната исклученост не можат да остварат низа од своите права во различни правни области, од социјална и здравствена заштита, преку присилно извршување и правото на сопственост, па до заштита на права за работни односи и заштита од дискриминација, изјави Елена Георгиевска од МЗМП.

Покрај Отворениот ден со граѓаните на Струмица, тимот на Здружението спроведе и теренска посета на селата Добрејци, Просениково и Дабиле.

Проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ е поддржан од Европската унија, а го спроведува МЗМП со партнерство со Правниот информативен центар од Љубљана, Словенија.

Би можело да ве интересира

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени