Младенов: Власта ги заплашува Бугарите во Македонија

Од:

Бугарите во Македонија не се слободни граѓанин, тврди претседателот на „Бугарскиот културен клуб“ – Скопје, Лазар Младенов во интервјуто за бугарскиот весник „Труд“.

– Гонењето е придружна компонента на бугарштината. Не може да си Бугарин од Македонија, и да си слободен граѓанин, вели Младенов.

Претседателот на БККС, во интервјуто открива дека постојано добива закани по животот.

– Заканите се дел од нашиот живот, почнувајќи од оние за ликвидација по атентатот врз Глигоров, до оние од пред неколку дена – дека ме чека затвор, вели Младенов, додавајќи дека нивните активисти, вклучувајќи ја и неговата сопруга добиле отказ затоа што се чувствуваат како Бугари.

Младенов открива дека за целата ситуација е информиран и известувачот на ЕУ за Македонија Ричард Ховит, кому ми доставиле обемен извештај за сите регистрирани случаи на малтерирање на Бугарите во Македонија. Сепак, според претседателот на БКК, голем дел од случаите не се пријавени бидејќи луѓето се плашат од власта./МЕТА

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка