А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Младеновски: „Минута до 12“ за промени во СДСМ

by А1он25/01/2013 - 16:1725/01/2013 - 16:32197
Share0

„Минута до 12“ е насловот на активноста на исклучениот од СДСМ, Михаил Младеновски и групата која се нарекува „младите социјалдемократски сили“ во пресрет на локалните избори, со која како што велат сакаат симболично да покажат дека е дојдено време кога народ треба да одлучи да направи промена на политичката сцена во Македонија. Велат, треба да се случи нова алтернатива на СДСМ со социјалдемократска идеологија која ќе понуди визија и програма.

Добивај вести на вибер

Гледаме дека во СДСМ нема доволен капацитет да се случат одредени реформи, односно апсолутната власт на лидерот ја гуши демократијата и поради тоа сакаме да нагласиме дека народот треба да одбере друга алтернативна опција, изјави поранешниот Генерален секретар на СДММ, Михаил Младеновски.

Младеновски ги повика сите интелекуалци, професори и експерти да се приклучат кон една заедничка опција.

Во СДСМ тешко дека ќе се случат промени. Во таа партија нема демократија, нема дебати и тоа треба да се измени, а ќе може со нова алтернатива, вели Младеновски, кој на локалните избори во март, заедно со неговите поддржувачи, ќе настапи со независна советничка листа.

Младеновски е исклучен од СДСМ и не е нејзин член. Од опозицијата го обвинија дека е платен од ВМРО-ДПМНЕ за неговите активности, а тој негираше и најави тужба за клевета следниот пат кога такви изјави ќе бидат дадени. Младеневски се спомнуваше како кандидат за градоначалник на општина Центар, контра Андреј Жерновски, додека Виктор Цветковски, кој исто е исклучен од СДСМ, дека ќе настапи како кандидат за градоначалник во Куманово,

dpmneizborisdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто