(ВИДЕО) Мизрахи: Додека вие имате големи семејства – јас немам, не дозволувам антисемитизам

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, вели дека нема да дозволи никој да го обележи нејзиниот народ како антисемитски. Овој став доаѓа откако Мерсиха Смаиловиќ од СДСМ, на социјалните мрежи направи пралела меѓу чинот на поставувањето партиско знаме во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, и знамето што беше зад Мизрахи додека таа даваше телевизиско интервју.

Смаиловиќ напиша: „Тоа е знамето на албанската заедница во Македонија, а нејзиното е класично партиско. Да беше Давидова ѕвезда, никому ништо!“, по што ВМРО-ДПМНЕ веднаш ја обвини за омраза и антисемитизам.

„Јас сум родена и израсната во Република Македонија. Во одреден момент ја напуштив државата и го продолжив образованието надвор. Во државата се вратив во 2014-2015 година. Јас сум од оние што се вратив дома. Ова е моја држава и се вратив назад. Нема да дозволам никој да го обележи мојот народ како антисемиски народ. Јас сум растена во средина, во соживот со Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, луѓе од разни верски и етнички припадности. Тоа никогаш не било прашање. Никогаш не ми се поставило прашањето за моето име. Конечно, на ниеден од јавните личности од политиката не му се постави прашањето од која национална, етничка или верска припадност се тие. Дали ќе беше спорно доколку бев Србинка, Влаинка, Турчинка? Антисемитизам во оваа држава не постоел, ниту ќе постои“, рече министерката.

Мизрахи им рече на присутните претставници на медиумите: „Додека вие имате широки семејства, јас тоа го немам“.

„Во текот на Втората светска војна од моето семејство од Македонија се однесени 83 члена. Додека вие имате големи семејства, јас тоа го немам. Сите се убиени во Треблинка, во концетрационен камп. Го носам името на една од моите тетки. Срамно е во политичка битка да се користат вакви алатки“, додаде Мизрахи.

Би можело да ве интересира

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Горан Наумовски

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски