Мизрахи до Заев: Доверба нема во вашите зборови, вие лажете и се откажавте од се

Од:

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната седница во Собранието истакна голем број на ветувања, која како што вели дека се лажни ветувања на Зоран Заев.

dobivaj vesti na viber

Таа ги посочи изјавите на Зоран Заев во однос на промената на името, промената на Уставот, неколкуте негови изјави низ годините за датумот за членство во Европската унија, па рече дека Заев излажа за се и за името, и за Уставот и за датумите за членство.

И сега дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името за кое се колневте во своите деца? – го праша Мизрахи, Заев.

-Новогодишно обраќање на Зоран Заев 30.12.2017 година, вие рековте нула толеранција за корупцијата, нула толеранција за кршење на човековите права , но не зборува денеска опозицијата зборува меѓународниот фактор којшто толку сакате да ви се обраќа и вели Македонија на индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2019 година се наоѓа на 106тото место од 180 држави, резултатот е во заробена држава, високо ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работата на јавниот сектор и неефикасност и нефункционалност на регулаторните тела, кое е резултат на недоволен капацитет за нивно работење, рече Мизрахи.

Мизрахи ги критикуваше и изјавите на Заев за економија во кои како што вели тој лажел дека ќе има 500 евра плата, раст на платите и градежна офанзива, а од тоа според неа имало само раст на дивоградбите и осиромашени граѓани.

-Остануваме посветени велите, за пораст на животниот стандард, но доверба нема затоа што животниот стандард на граѓаните не се зголемува преку покачување на акцизата на нафтените деривати или цената на електрична енергија, напротив, во следниве од два до три месеци велите во октомври 2019та година дека ќе започнат подготвителни активности за најмалку пет или шест производствени погони, но каде се господине Заев, рече Мизрахи.

Рашела Мизрахи се осврна и на податоците на НБРМ кои според неа укажувале дека инвестициите се во слободен пад од околу 80% , а тешко се реализирале и капиталните инвестиции, па праша каде отишле 237 милиони евра.

-Господинот Заев во 2016 година изјавува: Денеска ја промовиравме мерката за Студентскиот град во Скопје со мoдерни архитектонски решенија за студентски домови, фитнес сали, кино сали, но од планот за живот за образование остваривте само 2% и нема квалитетното образование во Македонија, а со Ковид кризата се чини дека воопшто и ќе нема квалитетно образование во Република Македонија, истакна Мизрахи од собраниската говорница.

Мизрахи го критикуваше Зоран Заев за како што рече „лажните ветувања во однос на воздухот и екологијата“ и им посочи на пратениците од СДСМ дека од нив има капацитетни луѓе, па можат да предложат мандатар за сите граѓани да не би имале ваков премиер како Заев,, зошто кога нема нема живот, нема за сите граѓани, посочи Мизрахи.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов

ВМРО ДПМНЕ бара анкетна комисија која ќе ги утврди фактите и политичката одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница

А1он

Мизрахи: Оставка на Филипче е изнудена, потребана е кривична одговорност

Мизрахи: Кредибилна, непристрасна истрага и одговорност мора да има

А1он

Мизрахи досега не пријавила во МВР, иако тврдеше дека и е украден профилот и друг продава трудови на студенти

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Мизрахи без да јава стигна во Крушево, комита ѝ го води коњот

А1он