Митревски по трет мандат во Ѓорче Петров

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општина Ѓорче Петров Сокол Митревски денеска ја презентира својата изборна програма за локалните избори 2013-2017 година насловена „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Ѓорче Петров“.

Митровски, кој го привршува вториот мандат како градоначалник, потенцираше дека Ѓорче Петров е општина со визија, а тој никогаш нема да застане во исполнувањето на ветените проекти.

-Пред јас да станам градоначалник, Ѓорче Петров беше руинирана општина без инвестиции. Денес, Ѓорче е лидер во западниот регион, каде има спортски игралишта и сали, шетачки патеки покрај Вардар, кружни текови, реконструирани училишта и градинки, здрава вода за пиење за сите семејства. Денес живееме во поинакво, модерно Ѓорче – рече Митровски.

Тој најави дека ликот на општината ќе продолжи да се менува, ќе се вложи во подигнување на животниот стандард на граѓаните и ќе со носат инвестиции кои ќе отворат нови вработувања.
Со пофални зборови за Митровски се обрати и премиерот Никола Груевски:

Народот гледа кој прави дела, а ние сме партија која ветува и остварува. Ѓорче Петров нема да има тешка задача, бидејќи го има вистинскиот човек кој памети што ветил и не заборава да го реализира ветеното – рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме