Митрев: Генетските испитувања ги ставивме во функција на пациентот во секојдневната дијагностика и превенција

Од:

Генетската дијагностика, нејзините достигнувања во превенцијата и предвидувањето за развој на кардиоваскуларни заболувања кај пациентите, беа тема на Четвртото собрание на кардиоваскуларните хирурзи, што се одржа денеска во Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“, на кое присуствуваа експерти од земјава и од странство.

– Нашата обврска е да вршиме и континуирана едукација, континуирано подобрување во однос на дијагностиката и третманите на овие пациенти, рече доктор Жан Митрев, основач, сопственик и директор на болницата на прес-конференција пред почетокот на собранието.

Посочи дека почнале прилагодена рутинска пракса за тие испитувања. Досега, истакна, се вршеа некои од тие испитувања, но не ми е познато колку, во каков контекст и во какви релации.

– Овие испитувања ги ставивме во функција на пациентот во секојдневната дијагностика и превенција, бидејќи имаме и менаџерски прегледи, каде луѓето кои се здрави доаѓаат подетално да се прегледаат на различни нивоа. Тука ја вклопуваме и генетската дијагостика. Суштински различното е што сега сите овие испитувања се составен дел на еден третман на пациентот во една институција и поврзано директно со клиничката пракса, посочи Митрев.

Укажа дека поентата е сето ова кое сега постои во медицината и во овој дел на дијагностиката да го поместат во интерес на пациентот за полесна, побрза и попрецизна дијагностика.

– На таков начин, ваков концепт мене не ми е познат и во Европа, еден многу поголем исчекор од она што значи превенција и превентивна медицина особено за овие болести. Можеби во некоја следна фаза ќе направиме нешто слично и за канцер дијагностиката, бидејќи таа е втората најважна дијагностичка процедура која има големо влијание врз смртноста на пациентите, додаде Митрев.

Би можело да ве интересира

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

Орце Костов

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Клиника „Жан Митрев“ 24 години – еден милиони прегледи и 400.000 успешни приказни

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски