Митрески: Законот за Советот на јавни обвинители не спаѓа во листа на закони кои се носат со двојно мнозинство

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно мнозинство, во насока на тоа дека Законот за Советот на јавни обвинители не спаѓа во таа група, што е спротивно на твдењето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„На колегата кој е еден од поголемите познавачи на законите и процедурата не му забележувам.

Знам која му е целта…За граѓаните да немаат дилема во прилог ја ставам листата на закони кои се носат со двојно мнозинтво според Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а таму не е Законот за совет на јавни обвинители.

Во Собранието исто така има еден уште поголем познавач на процедурите и законите кој најдолго време бил претседател на институцијата.

Затоа, во прилог еден стенограм кога водел седница кога се менувал законот за совет на јавни обвинители каде се гледа дека нема двојно гласање.

За амандманот 30 став 3 и 8 од Уставот во некоја следна прилика… Според тоа, Ви посакувам добра ноќ“, напиша Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО