Митрески: Во следниот период ќе зборуваме само за економија, бидејќи наша следна цел е да бидеме членка на ЕУ

Од:

Поминавме многу, и во овие три години и во овие денови од кампањата, од повозрасните добивме мудрост и исуство, од помладите добивме енергија и креативност, ние добивме истрајност да ги решиме најаголемите и најтешките проблеми, кои што оваа наша држава ги имаше, истакна носителот на кандидатската лиса на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица Јован Митрески, на граѓанската трибина во Ресен.

„Станавме членка на НАТО, нема повеќе да зборуваме за безбедност, ни за конфликти, во следниот период ќе зборуваме само за економија, бидејќи наша следна цел е да бидеме членка на Европската унија“, рече Митрески.

Тој рече дека го решиле пробемот на 12.000 стечајци, кои сега примаат по 8.000 месечено, а на опозицијата 11 години „поважни им биле споменици на мачки, кучиња, човек дрво, панорамски тркала, на сите глупости од проектот Скопје 2014 каде протрошија милијарда евра“.

Тој истакна дека субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно, додавајќи дека директните и индиректните плаќања во земјодлеството ги зголемуваме од 160 на 200 милиони евра, обезбедуваме бесплатна зелена нафта за земјодлелците, како и ваучери.

„Во следните неколку дена секој од нас ќе има среда со својата совест, на 15 јули се носи важна одлука, за нашата иднина, за иднината на нашите смејства, за нашите блиски, за нашата држава, се носи одлука дали сакаме да продолжиме напред или да се враќаме назад“, рече Митрески.

Тој ги повика граѓаните на Ресен: „На 15 јули иднината е во ваши раце, на 15 јули заокружете го бројот 3, заедно можеме уште повеќе уште подобро“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он