Митрески: Телефоните на пратениците на СДСМ се јавно објавени и достапни, реакцијата на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ е фројдовска

Од:

Телефоните на пратениците на СДСМ се јавно објавени и достапни на сите граѓани, изјави вечерва координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески за МИА, по изјавата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека имало пратеници од СДСМ на кои денеска им биле одземени мобилните телефони.

– Во секое време може да ги побарате, може да ги побараат и од ВМРО-ДПМНЕ, и ќе им одговорат лично на сите прашања. Во целата денешна конструкција очекував да бидат покреативни. Вакви лаги не поминуваат ниту кај децата во предучилишно образование. Исто така, очекував дека денес стоечки ќе го издржат поразот, рече Митрески за МИА.

Според него, реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за ова е „фројдовска, затоа што тоа им го прави, и им го правеле на своите пратеници со потпишување меници“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он