Митрески: Пратениците да си ја завршат својата работа, да се донесат законите, па потоа да се распушти собранието

Од:

Ние како пратеничка група веќе кажавме дека имаме закони кои треба да ги донесеме пред распуштање на Собранието, за да се одржат изборите на 12 април. Тоа се Законот за АВМУ и законот за одбрана, законот за исплата на плата за професорите, посочи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески пред пратениците во Собранието.

Не е јасно ниту зошто десетина дена не се закажува ниту комисијата за труд и социјална политика, за покачување на платите на професорите во високото образование, освен ако е тоа заради тоа што имаме професори како Каракамишева на кои не им е потрeбно покачување на плата со оглед на тоа дека земаат пари од учество во управни одбори, но има и илјадници професори на кои им е многу значајно ова покачување, истакна Митрески од собраниската говорница.

Митрески упати повик до сите пратеници на соработка и завршување на недовршената работа во собранието,со цел навремено распуштање и одржување на изборите на 12 април.

„Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ завчера ги одложуваше комисиите за петок 14 февруари, а бара избори на 12 април, порача денеска во Собранието коориднаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, на седницата на чиј дневен ред меѓудругото, е и предлог законот за јавно обвинителство. Исто така факт е дека вчера ВМРО-ДПМЕ бараше начин како да влезе во ова Собраине, после сите изјави дека го напушта и заминува“, истакна Митрески.

А сега кога ви излегуваме во пресрет за тоа, ние сме блокирале или ние не сме сакале да се одржат изборите на 12 април. Јавноста мора да знае дека бараме избори на 12 април, а ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае како ќе помине на тие избори, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Тој ги повика пратениците да се откажат од говори, за да се изгласаат законите што се на дневен ред и собранието да се распушти денеска.

Ајде да ги изгласаме важните закони и веднаш да го распуштиме Собранието, порача Митрески.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски