Митрески: Избори на 12 април ќе има, ВМРО-ДПМНЕ не сака да се донесе законот за ЈО

Од:

Избори на 12 април ќе има и од тоа ВМРО-ДПМНЕ не може да избега. Со тоа нивно вчерашно блефирање единствено само за да спречи некои процеси во државата. Не на 12 февруари, тие ако можеа ќе го распуштеа Собранието уште пред една недела само да не влезе во процедура законот за јавно обвинителство или да не се даде шанса на овој закон и за уште некои други закони кои се од интерес на граѓаните.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески. Посочи дека денеска и претходните неколку дена се случува и незакажување на Комисијата за труд и социјална политика каде, како што рече, се спречува исплаќањето на зголемената плата на професорите на универзитетите.

– Избори на 12 април ќе има. Дали Собранието ќе се распушти на 12 февруари зависи од тоа во каков одмор ќе влезе ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот за јавно обвинителство и за сите овие други закони. Секако, сите уставни и законски рокови ќе бидат испочитувани. ВМРО-ДПМНЕ од избори на 12 април нема шанси да избега, рече Митрески во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митрески рече дека на измените на Изборниот законик работат работни групи од сите поголеми политички партии и чекаат усогласување од нив зошто, како што рече, тој предлог-закон треба да дојде како усогласен текст за да го пратиме во процедура во Собранието и да го изгласаме пред неговото распуштање.

Прашан до каде се консултациите за законот за јавно обвинителство, Митрески информира дека претставници на пратенички групи имаат работни средби со Министерството за правда како предлагачи на тој закон.

-Единствено ВМРО-ДПМНЕ не влезе со свои предлози зошто не сака да се донесе законот. Јас исклучиво верувам и се надевам дека таков компромис ќе се постигне со другите пратенички групи и ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за носење на овој закон, рече Митрески.

Тој изрази надеж дека овој закон ќе биде донесен ако, како што рече, се усогласи текстот на законот онака како што треба да биде за да има правда во оваа држава, ако се надминат сите суети и ако роковите се испочитуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски