Митрески: Бидејќи секој наш предлог се одбива, СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратениците од СДСМ и коалицијата, денеска поднеле 12 закони кои што биле ветување на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, тие не ги прифаќале нивните предлози, можеби ќе ги прифатат истите оние што ги ветувале пред граѓаните и добиле нивна огромна поддршка.

-Ветуваа 1 денар од акцизата за гориво за спортистите, за клубовите, спортската инфраструктура. Една година, ништо од тоа. Затоа, ние денес поднесуваме таков закон. Ветуваа породилно отсуство за жените Земјоделки. Една година помина ништо од тоа. Еве денес ние од СДСМ го поднесуваме тој закон, рече на денешната прес-конференција, Јован Митрески, пратеник на СДСМ и потпретседател на Собранието појаснувајќи за кови предложени закони станува збор.

Додаде дека како пратеници на СДСМ и Коалицијата поднеле десетици закони и ниеден од нив не бил прифатен од мнозинството.

-Поднесовме закон минималната плата да продолжи да расте. Поднесовме закон за Продолжување на растот на сите плати во приватниот и јавниот сектор. Ниеден од нив не беше прифатен. Денес, имаме понижени работници, посиромашни граѓани. Денес имаме работници со најниски плати и најнизок животен стандард во Европа. Поднесовме закони за ослободување од данок на основните производи за секојдневен живот, за да се намалат цените за да го прекинеме дивеењето на цените, да го заштитиме животниот стандард но и тие не беа прифатени. Денес имаме највисоки цени во регионот. Законот за бранители една година стои заглавен во процедура, рече Митрески.

Додаде дека меѓудругото, претходно поднеле и над 400 амандмани на буџетот и оти прва пат во историјата ниту еден од нив не бил прифатен.

-Од друга страна, од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден закон од нивната предизборна програма за која добија огромна поддршка од граѓаните. Од нивна страна има нешто тотално спротивно од тоа што го зборуваа и ветуваа. Тие што велеа НИКОГАШ СЕВЕРНА поднесоа над 110 закони за промена на името Р. Македонија во Р.С.М. Нема ништо од нивната предизборна програма. Затоа ние, пратениците од СДСМ и коалицијата, денес поднесовме 12 закони кои што се ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби изгледа Парадоксално, но кога тие не ги прифаќаа нашите предлози еве можеби ќе ги прифатат нивните, истите оние што ги ветуваа пред граѓаните и добија нивна огромна поддршка, рече координаторот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, молат луѓе да се кандидираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ