Митовска: Скапо ќе ја чини Македонија, ветувањето на СДС дека ќе бидеме земја на мигранти

Од:

„Ветувањето кое СДС го има дадено дека во иднина ќе бидеме земја на мигранти, скапо ќе ја чини Македонија. Тешкотиите со кои ќе се соочиме како држава ќе не’ чини генерации и генерации на Македонци.

Манипулациите на владата на СДС беа јасни кога за свои цели го искористи Државниот инспекторат кој преку директна контрола на власта ги запре решенијата за референдуми во општините. На 15-ти октомври на граѓаните во општините требаше да им се даде демократско право кое ќе го искористат. Тие требаше да се изјаснат дали во своите општини би сакале да имаат мигрантски населби. Граѓаните требаше да кажат дали сакаат да се промени демогеографијата на Македонија. Граѓаните ќе им дадеа до знаење на СДС дека не сакаат насила да се промени македонската традиција и култура.

СДС освен што лажат дека нема да градат станови за мигрантите во Македонија, туку и го злоупотребија Инспекторатот со противправната одлука за да ги спречат граѓаните во демократска држава да го остварат своето право на избор.

ВМРО-ДПМНЕ е коректор на злоупотребувачката власт на СДС и како партија секогаш стои позади волјата на македонскиот граѓанин. СДС кукавички избега од соочување со народот на референдум за нивните погубни политики.

Но, 15-ти октомври е денот на кој овој изманипулиран народ конечно ќе ги наплати сите лаги од страна на 4 месечното лажење на СДС. Тоталитаристичкото владеење на СДС нема да трае уште долго. Волјата на овој народ ќе биде основата на власта. Народот на избори ќе го каже своето и ќе стави крај на лагите и манипулациите на владата на СДС“, изјави Слаѓана Митовска.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски