Митева: Заврши употребната вредност на скапиот маркетинг на Ковачевски за слики по маркети, граѓаните повторно ќе имаат повисоки цени

Од:

Додека Ковачевски и Груби трошат милијарди народни пари без тендери, народот веќе од четврток ќе треба да плаќа поскапи цени на прехранбените производи. Од четврток народот повторно ќе треба да мисли дали ќе плаќа поскапи намирници, и во колку саат или кој ден ќе поскапи некој производ рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Очигледно е дека цените се замрзнуваа за да може Ковачевски да оди по продавници со камери, промовирајќи се пред народот бидејќи никој не го знае зошто не излегол на избори, а кога заврши потребата од сликање се одмрзнaa цените. Ковачевски не ги презеде суштинските мерки кога ги предлагавме, а сега ги укинува и оние половични мерки кои ги преземаа по силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста. Ковачевски веќе од утре ги одмрзнува цените на голем број производи, и со тоа удира по џебот на народот. Народот е осиромашен, затоа што втора година го јаде најсилната инфлација со која се соочиле сегашните генерации на Македонци. Имено стапката на инфлација во април оваа година во споредба со април минатата година е 13%, кај храната и пијалоците 16.5%, додека пак лани во текот на целата година имамвме инфлација од скоро 19%, и кога кумулативно ќе се соберат процентите, доаѓаме до бројка од 32%. Преведено во бројки, тоа значи дека 21.400 денари пред две години, вредат како 30.000 денари денес рече Митева.

Митева вели идека реалната плата која ја примаат граѓаните била падната, а не покачена како што тврди Ковачевски.

– Власта си игра со бројки, додека народот има празни новчаници. Според Државниот завод за статистика реалните плати во Македонија во изминатата година се намалија за скоро 5 отсто, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ