Митева: Во општина Гази Баба спротивно на закон се склучувани договори на дело со лица кои не оделе на работа а примале плата

Од:

Во општина Гази Баба спротивно на закон се склучувани договори на дело со лица кои не оделе на работа а примале плата. Од она што до сега е утврдено во општината со договор на дело во периодот од 04.01.2021 година до 21.09.2021 година се ангажирани 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

„Ова незаконско дејство е спротивно на членот 8 од Законот за трансформација во редовен работен однос во кој јасно е утврдено дека врз основа на договор на дело не може да се ангажираат повеќе од 1% од вкупниот број на вработени на крајот на претходната година и согласно овој Закон требало да биде ангажирано само 1 лице. Во општина Гази Баба, од овие 14 договори, 8 од нив биле склучени по распишување на локалните избори што е спротивно на член 8а од Изборниот законик. Во однос на ова, склучен е и договор со едно лице за консултански услуги за време на изборната кампања и тоа, на 13.10.2021 година бил склучен договор со едно лице за консултански услуги од областа на легализацијата на дивоградби. Согласно информациите, се работи за лице кое претходно било вработено во општина Гази Баба па заминало во пензија“ – вели Митева.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски