Митева: Власта мора да даде одговори и да понесе одговорност за автобуската несреќа

Од:

За автобуската несреќа во која загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема одговори, а секојдневно се појавуваат нови дилеми. Јавноста се уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес, кој не засегаат сите нас, а обврска на власта е да даде одговори. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Повторно бараме одговор на прашањето дали е вистина дека директорот Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите. Дополнително, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските одредби за пензионирање уште од месец март оваа година па јавноста треба да слушне одговор дали неговото продолжување на функцијата е со цел да се овозможува незаконски транспорт на фирмите. Срамно е што во јавноста луѓето кои се поставени од СДСМ и владата сметаат дека не е виновна корупцијата на институциите во случајот со фаталната сообраќајка, туку луѓето кој не ја забележале корупцијата, вели Митева.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски