Митева: Шилегов се согласува со изјавите на Мирко Попов со кои ги навредува скопјани

Од:

„Видовме дека веќе три дека нема реакција за навредите кои беа кажани од Мирко Попов на митингот на СДСМ и Шилегов. Тоа ни дава право да заклучиме дека Петре Шилегов ја одобрува изјавата и се согласува со претходните дефиниции за тоа што се скопјани. Шилегов се согласува дека Скопје е дијагноза, скопјани се сељаци, Албаниците ги нарекува со погрдно име и дека сите цркви треба да се запалат“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Скопје увек биле и само ќе бидат ОНИЕ 30,50,100,1000 можда 2000 кои имаат креативност и сила да пркосат на останатите 700.000? Они не се и никад не биле Скопје. Ние сме Скопје. Они не се важат. Тука има и многу пострашни зборови јас нема да ги прочитам, оставам вие да процените.

Петре Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: Твојата неписменост е историска, суштинска и предавничка. Кога би ми бил/а сеа на дофат би те заклал ко зајак. Полош си од… и ова нема да го прочитам.

Овде ме поканија, седеле и размислувале кого да викнат, им требало хард кор скопјанец и некој рекол Мирко Попов. Јас сум дефинитивно хард кор скопјанец пошто за мене Скопје е дијагноза.

И последно, но не помалку важно Шилегов е градоначалник кој се согласува дека: ова нема да го цитирам, ве молам да погледнеме.

За крај, фирмата на Мирко Попов ПМГ рекордингс од јануари 2018 година до октомври 2021 година имаат добиени тендери во вкупна вредност од 66.280 евра. Или од Министерство за култура 10.000 евра, од МКЦ 34.154 евра, од Универзална сала 13.822 евра и од Град Скопје 8.300 евра.

Најверојатно, ова е мерит системот по кој СДСМ одлучува кој е хард кор скопјанец и кој ќе биде говорник на митингот на Шилегов.

Драги скопјани, со сигурност ќе знаете да го цените ова на претстојните избори на 31-ви октомври“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”