Митева: СДСМ го нуди најлошото за нашите општини

Од:

Истите градоначалници се избраните функционери со кои располага СДСМ. Овие имиња се доказ дека во СДСМ се применува практика на пристрасност при доделување работни места и други предности на доверливи соработници, особено во политиката и меѓу политичарите. Кронизмот е спротивно на меритократија, во која назначувањата се вршат исклучиво по квалификација рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Уништени општини, нереализирани проекти и незадоволни граѓани е резултат кој го направија градоначалниците на СДСМ. Со именувањето на овие луѓе за втор мандат, СДСМ го покажа своето вистинско лице. Сите 35 имиња до сега се луѓе кои ги прати неработење и скандали. Перцепцијата за Шилегов е дека до сега е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, Велимир Смилевски има 0% реализација од ветените десетина носечки проекти за Бутел, Ацо Велковски познатиот градоначалник на Лозово е познат по неколку работи мобинг, општинска лотарија која случајно заврши во рацете на неговата ќерка и по тоа што најверојатно отсуствувал од работа 185 дена. Константин Георгиевски добро познат како човекот во чиј мандат во Охрид се изградија дивоградби и истите не беа стопирани. Борче Георгиевски во Гази Баба не понуди ниедно решение за проблемите на граѓаните“ – рече Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски