Митева: Официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик, Османи да поднесе одговорност и оставка

Од:

Фрапантно е тоа што Бујар Османи се посрамоти и како министер кој е обврзан да ги спроведува уставот и законите покажува елементарно непознавање или свесно ги крши, а со тоа директно предизвикува етничка нетрпеливост рече на прес конфренција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Согласно уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик! Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик! Ставот 2 пак укажува дека службен јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните е службен јазик на територијата на Република Македонија, но не е официјален јазик за меѓународна употреба. Јасна дистинкција е направена во уставот за тоа кој е официјален јазик за меѓународна употреба и тоа е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Османи да престане да ја манипулира јавноста затоа што дури и во Законот за употреба на јазиците во ниту еден член и во ниту еден став не се споменува дека друг јазик наместо македонскиот е официјален јазик во меѓународните односи вели Митева.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник