Митева: Нов криминал тежок над две милиони евра на ДУИ и СДС за косење трева и дрвја на патен појас

Од:

Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ Ејуп Рустеми склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од над 2 милиони евра рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Ова е договорот и негова основна цел е цитирам: косење на трева, плевел, грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет во времетраење од 2 години, за потребите на ЈП Државни патишта, а согласно техничката спецификација договорот е ни помалку, ни повеќе, туку 2 милиони и 400 илјади евра. Додека од еден министер за образование кои исто така е од редовите на ДУИ слушаме дека власта нема пари да обезбеди учебници, друг директор исто од редовите на ДУИ има пари и троши над 2 милиони евра за косење на трева и сечење на дрва на патен појас, вели Митева.

Таа праша како власта на ДУИ и СДС која како што рече нема никакви резултати во патната инфраструктура, ниту еден километар нов автопат, одлучува дека баш сега е најповолно време за уредување на патниот појас.

– Дали веќе спроведената шема на владата преку ЈПДП за вршењето на надзорот на коридорите 8 и 10Д во вредност од 22 милиони евра им беше показател дека токму преку ова државно претпријатие можат да ги испумпуваат буџетските средства сега во вредност од 2 милиони евра повторувам за косење трева и сечење дрва на патниот појас. Хипокризијата на власта оди дотаму што од една страна денес Ковачевски се слика по маркети и проверува замрзнати цени, а од друга страна парите за вакви криминални тендери во вредност од над 2 милиони евра се и те како одмрзнати, вели портпаролката на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ