Митева: Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење, Ковачевски веќе требаше да ја изготви неговата оставка, граѓаните да се спасат од оваа неспособност

Од:

Денес граѓаните беа сведоци на лицемерието на Димитар Ковачевски.Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја сокрие неговата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговите наводни грижи за проблемите рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот. Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза. Главното прашање е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеци откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест, со барања за помош при набавката на потребниот лек кои за нив живот значи. Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви неговата оставка, и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност вели Митева.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски