Митева: Иловица е проект за ќар на власта на ДУИ и СДС, оваа влада е спремна да се лаже и меѓу себе за бизнис интереси

Од:

СДС и ДУИ се единствено виновни за рудникот Иловица. Владата на СДС и ДУИ во 2006 година, застапувана од тогашниот министер за економија, Фатмир Бесими го потпишува првиот Договор за Концесија за Иловица. Ова е Договорот потпишан помеѓу Концесионерот и Владата на СДС и ДУИ застапувана од Фатмир Бесими кој тогаш бил министер за економија, а сега е министер за финансии. Овој Договор е потпишан во 2006 година на 31 мај рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

– Ова е Договорот кој е причина за сите проблеми на жителите на струмичко.Ако владата на СДС и ДУИ не го потпишала овој Договор во 2006 година, денеска Македонија ниту ќе беше на Арбитража и ниту ќе имаше страв кај жителите на струмичко дека Струмичката котлина и поширокиот регион може да бидат контаминирани. Овој договор кој го потпишал Фатмир Бесими, врз основа на Одлука на Владата на СДС и ДУИ за давање на Концесија од 25 април 2006 година е коренот на проблемите.
И после 17 години, истата таа влада на СДС и ДУИ дозволува проектот да отпочне, а на сето тоа му претходи преземање на Еуромакс Ресурсис од страна на бизнисмен кој важи за близок до ДУИ, Дестани. Истиот тој Дестани за кој во јавноста се тврди кој нема ниту еден ден искуство, ниту некаква експертиза од копање на злато, треба да ги убеди граѓаните во струмичко дека тој ќе работи по стандарди и средината нема да се контаминира, вели Митева.

Би можело да ве интересира

Од дата-центрите до електромрежите: светот ќе бара сè повеќе бакар, Македонија го има потенцијалот за нов рудник

А1он

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Активисти бараат Иловица да се избрише од Просторниот план, експертите со појаснување дека планот не значи отворање рудник

Европа бара поголема независност во снабдувањето со бакар, „Иловица–Штука“ како развоен потенцијал

Иловица и Плавица меѓу напредните рударски проекти: Струката ги посочува пречките за развој на критичните материјали