Митева до Царовска: Послушајте ја јавноста, не ги укинувајте учебниците на сила

Од:

Концепција за дигитализација со која ќе се укинат учебниците во основното образование нема да дозволиме да се спроведе. Масовните протести на родителите, наставниците и учениците кои се случија пред неколку дена се доволен доказ дека станува збор за уште еден неуспешен проект во образованието рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Министерке Царовска, одважете се и постапете согласно барањата на јавноста. Тоа треба да биде ваш приоритет, а не добивањето партиска функција во СДСМ. Дигитализацијата чија основна цел е укинување на печатените учебници ќе предизвика многу негативни последици. Најпрво, се воведува концепција која зад себе нема никаква наставна анализа и за која немаме никакво образложение кој, како и на кој начин ќе ја реализира. Немаме ниту финансиска рамка која треба да подлежи на анализа како ќе се одвојат десетици милиони евра годишно. Дополнително, со ваква образовна новина се воведува дискриминација и нееднаквост помеѓу учениците во нивната најрана возраст“ – вели Митева.

.

Би можело да ве интересира

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Oд осум наследени арбитражи, три завршија во полза на Македонија, вели Митева

Горан Наумовски

Митева: Сто и девет пациенти со предлози и барања на телефонската линија за повредените од трагедијата во Кочани

А1он

Освен медицинска и физиотерапевтска нега, повредените од Кочани во „Пониква“ ќе добиваат и психолошка и социјална поддршка

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност