Мисовски: За јавноста стана очигледно како ВМРО-ДПМНЕ ги добива изборите

Од:

„Централниот изборен штаб на Нова социјалдемократска партија-НСДП продолжува со активностите на терен. Вчера шефот на Централниот изборен штаб, Горан Мисовски одржа регионална средба со раководствата на партиските организации од третата изборна единица во Кочани.

На средбата, освен со тековните активности на општинските организации кои се спроведуваат во рамки на мобилизација на членството во пресрет на престојните избори, Мисовски беше запознат и со низа неправилности со избирачкиот список кои биле откриени од страна на членови на НСДП во источна Македонија.

Фантомски гласачи регистрирани на непостоечки адреси, или во куќи и станови во кои никој не живее, лица кои повеќе години се иселени во странство и се немаат вратено назад, се само дел од аномалиите на избирачкиот список кои членови на НСДП ги откриле во тратата изборна единица.

Мисовски рече дека недостатоците на избирачкиот список, присуството на фантомските гласачи, не е нешто случајно туку, според него, сето тоа е смилено организирано и реализирано од страна на авторитарната власт водена од Груевски и фамилијата“, соопштуваат од НСДП.

„За јавноста стана очигледно како ВМРО-ДПМНЕ ги добива изборите. Избирачкиот список е преправен во список на фантоми, умрени и иселени лица од Македонија“, рече Мисовски.

Притоа тој истакна дека демографското умирање на источна Македонија, е вистината со која оваа власта не сака со години да се соочи.

„Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ ова иселување го искористува за манипулации со избирачкиот список, и затоа нејзините победи во овој регион изгледаа така убедливо. Но, на ова ќе се стави крај. Промените доаѓаат, и тоа не само во избирачкиот список, туку и во власта“, порача Мисовски пред сопартијците.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ