„Процесите на декриминализација на македонското општество и реалната можност за кривична одговорност ја испаничија фамилијата. Стравот кај владејачката партија се покажа и при акција на СЈО во Централниот регистер, со кој раководи нивен кадар. Освен што го игнорирале барањето за достава на документација за одредени фирми, тие се обидоа и да прикријат докази. Во обид да го затскријат криминалот кој го направиле изминативе десет години преку сомнителни фирми, панично упаѓаат во нови кривични дела“, рече Горан Мисовски, претседател на Централниот изборен штаб на НСДП на вчершаната регионална средба со претседателите на општинските организации на партијата од шестата изброна единица, која се одржа во Тетово.
Мисовски рече дека Македонија стана земја во која за украдени ќебапи се лежи затвор 3 години, а криминалот се крие. Според него, чудно е како државниот јавен обвинител ги премолчува индициите за криминал, кога праксата покажува дека корумпираните политичари користат офшор компании за да го скријат својот идентите и да го зшатитат нелегелано стекнатото богатство.
„За сомнителните бизниси на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку фантомски фирми можевме да се запознаеме и од „бомбите“. Јавноста слушна како одредени офшор компании учествувале во купопродажба на плацеви на Водно“, рече Мисовски.
Мисовски нагласи дека во прилог на тезата за тоа дека корпуцијата успеала длабоко да ја вкоренат во државата, зборува и извештајот на Прибе каде е нотирано грубо кршење на законот за јавни набавки.
„Додека рударите се мачат во јамите и земјоделците ги манипулираат со субвенциите, а примателите на социјална помош ги убедуваат дека месецот може да го поминат со четири илајди денари, раководството на владејчката партија е преокупирано со тоа како да ги сокрие трагите од нелегалните бизнис активности“, рече Мисовски во Тетово.
Претседателите на општинските организации на НСДП од шестата изборна единица го запознаа Мисовски со активностите кои ги преземаат во пресрет на престојните парлементарни избори.