(ВИДЕО) Мисовски: Никола зрело време е да си одиш!

Од:

Горан Мисовски од НСДП на протестот во Скопје му порача на Груевски дека народот е собран пред неговата жолта зграда, зградата каде што ги носи најпогубните политики.

„Секој кој ќе крене рака на пратеник, кренал рака на народот. Гавазите на Никола Груевски и на Гордана Јанкуловска, ја исполнуваат желбата на Груевски, да не тепа и како кучиња да не исфрли.

– Трајко Вељаноски е само извршител на оваа политика. Ние сакаме да живееме во слободна Македонија. Зрело време е Никола да си одиш“, рече Горан Мисовски.

Секој ден, најави, ќе се собираме, додека не си замине Никола Груевски и неговите соработници.

„Од срце соопштувам дека најголеми херои се моите соборци пратениците“, рече Мисовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите