НСДП продожува со партиските активности во пресрет на претстојните парламентарни избори. Во понеделникот, шефот на централниот изборен штаб-ЦИШ, Горан Мисовски во Прилеп одржа регионална средба со раководствата на партиските ограноци од четвртата изборна единица.
На средбата стана збор за подготвките на партијата за претстојните избори и за актуелните политички случувања во земјава.
„Не можеме повеќе да дозволиме да бидеме темниот вилaет во Европа. Заробени од криминалци кои партијата и државата ја имаат присвоено за сопствено богатење. Нивните интереси и интересите на граѓаните се две дијаметрално спротивни работи. Состојбата станува неодржлива, поларизацијата во општеството помеѓу институциите на системот и интересите на граѓаните е толку силна што се доведува во прашање опстанокот на државата. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и неговата фамилијарна врхушка повторно сме исправени пред историски предизвик – руинираната држава повторно да ја изградиме, повторно системот да го поставиме во насока на задоволување потребите на мнозинството на граѓаните, а не на партиско-фамилијарни групации.
Плашејќи се од соочување со вистината, се обидуваат да се затскријат позади пратеничките мандати. Се води грчевита битка помеѓу осомничените од злостроничкото здружение да се најдат повторно на пратеничките листи. Ако навистина сакаат да ја докажат својата невиност, почнувајќи од Груевски па се до останатите членови на извршниот комитет осомничени за злострочнико здржување, најмалку што можат да направат е да се откажат од своите пратенички амбиции, да го ослободат сваровски судството од партиските притисоци и да дозволат процесирање на предметите од СЈО“, рече Мисовски на средбата.