Мисовски: Наследството од историското ВМРО го искористија за прикривање на партиско-фамилијарните криминални бизниси

Од:

НСДП продожува со партиските активности во пресрет на претстојните парламентарни избори. Во петокот шефот на централниот изборен штаб Горан Мисовски во Битола одржа регионална средба со раководствата на партиските ограноци од петата изборна единица.

На средбата стана збор како за подготвките на партијата за претстојните избори, така и за актуелните политички случувања во земјава.

„Македонија повеќе не може да биде во рацете на сомнителна групација, која гравитира околу сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, чии лукративни интереси десет години добиваат приоритет во однос на државните интереси. Наследството од историското ВМРО пропагандно го присвоија и искористија за прикривање на партиско-фамилијарните криминални интереси и бизниси, наместо негување на револуционерниот дух, станаа најсилни пропагатори на партиско-политичкиот конформизам, непотизмот и клиентилизмот, врдености кои немаат ништо заедничкото со македонските револуционери- чии наследници сакаат да се прикажат.

Колку и да сакаат, сепак повеќе од јасно е дека не може да се зборува за историски континуитет помеѓу сегашното ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО. Од „бомбите“ сите можевме да слушнеме дека нивните главни преокупации десет годни се фокусирани само на криминал, корупција, пресметка со политички неистомисленици, односно со поткопување на темелите на државата. Македонија повеќе нема сили да го толерира оваа однесување, институциите се руинирани, а граѓаните сопствениот спас почанаа да го бараат надвор од земјава. Како никогаш во историјата, иселувањето стана наше секојдневие и во физичка смисла е доведено во прашање опстанокот на државата. За тоа изборите на 11 декември имаат егзистенцијално значење за иднината на државата. Не само што едно злострочничко здружение треба да биде поразено, туку пред нас повторно ќе се отворат и предизвиците за поставување на темелите на државата, нешто за кое во историјата нашите револуционери на крајот од 19 и почетокот на 20 век го положија животот, а ние сега треба повторно во 21 век да го воспоставиме“, рече Горан Мисовски.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ