Мисовски: Mожноста за аболиција за изброен кримнал е само потврда на соржината на прислушуваните разговори

Од:

„Шефот на изборниот централен штаб на Нова социјалдемократска партија(НСДП), Горан Мисовски како дел од тековните партиски активности одржа регионален изборен штаб за четвриот изборен регион во Прилеп.

На координацијата со ракoводствата на НСДП од оваа изборна единица, Мисовски беше запонат со тековните активности кои ги спроведуваат оштинските изборни штабови како подготовка за престојните избори.

Од Претседателите беше истакнато дека целото членство е мобилизирано и активно работи со граѓаните, така што независно од тоа кога ќе се одржат парламентарните избори, оштинските организации на НСДП од овој регион се подготвени и мобилизирани за финалната битка со ВМРО-ДПМНЕ.

Мисовски информирајќи ги раводставата за тековните политички случувања во земјата, ги повика членовите на НСДП од четвртата изборна единица да се приклучат на денешниот протестен марш за одбрана на Уставот од уставните судии.

„Злосторничкото здружение кое ги узурпира институциите на државата за лукративни интереси на потесна фамилија, во очајничкит обид за спас од политичка и кривична одогворност, посегна и по Уставниот суд. Но ние нема да дозволиме највисокиот правен акт да се погазува за спас на една криминална група, затоа и ги повикувам сите членови да се приклучат на утрешниот протестен марш“, рече вчера Мисовски пред сопартијците.

Според него, отворањето на можност за аболиција за изброен кримнал, е само потврда на соржината на прислушуваните разговори, односно уште еднаш го покажува спорниот легитимитет на валадејчаката ВМРО-ДПМНЕ и нејзините победи на петходните избори.

Сите партиски организации на НСДП од овој изброен регион го најавија своето учество во протестот против неуставното работење на Уставниот суд“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ