Мисовски до Груевски: Немој ниту да помислиш повторно своите лепливи раце да ги ставаш на гласачките кутии

Од:

Потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во четвртата изборна единица, Горан Мисовски, во рамки на коалицискиот караван деновиве оставрува средби со граѓаните од тиквешкиот регион.

На средбите со лозарите од Демир Капија, Неготино и Кавадарци, Мисовски ја истакна потребата од решавањето на проблемот со откупот на грозјето, проблем со кои лозарите од овој регион се соочуваат секоја година.

„Секоја година бербата на грозјето е проблем за лозарите од тиквешието. Ветените, а неисплатени субвенции, несигурниот откуп, производството на винското грозје го направи вистински кошмар за жителите на овој регион. Наместо сигурен пласман, односот на власта осигура само скапување на грoзјето на нивите. И она што ќе се откупи е неизвесно дали и кога ќе биде исплатено. Но ова ќе се промени по 11 декември, тиквешието му го врти грбот на Груевски, а лозарите навреме ќе ги добиваат субвенциите, пласманот и наплатата на грозјето ќе бидат минато“, порача Мисовски.

Во понеделникот, во своето обраќање пред присутните на митингот во Неготино, Мисовски упати порака до Груевски да ги држи рацете подалеку од гласачките кутии.

„Никола, граѓаните го креваат својот глас против твојата власт, немој ниту да помислиш повторно своите лепливи раце да ги ставаш на гласачките кутии. Народот е охрабрен и на 11 декември ќе ја одреди твојата политичка судбина, заминуваш во историјата“, рече Мисовски во Неготино.

На локалната власт во Неготино и порача да се држи понастрана од криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ за спроведување на изборни нерегуларности.

„Повеќе нема толеранција за изборните кражби, притисоците и уцените. На локалните „шерифи“ на Груевски да им биде јасно, дека доколку го повторат сето она од претходните изборни циклуси кривично ќе одговараат“, рече Мисовски пред неготинчани.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ