„Покренувањето на обвинение за изборни нерегуларности од страна на специјалната обвинителка Катица Јанева, случајот во јавноста познат како „Титаник“, и спроведувањето на голем број на истражни и предистражни постапки за разни коруптивни дејства и злоупотреби на службени положби и овластувања, го доведоа до ѕид режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го принудија да посегне по Народната банка на Република Македонија(НБРМ), како инструмент кој ќе им помогне да изнесат дел од нелагално стекнатите пари во изминативе десет години“, рече Горан Мисовски, шеф на Централниот изборен штаб на НСДП на регионалната средба со претседателите на општинските организации од втората изборна единица, која се одржа вчера во Куманово.
Според Мисовски, одлуката на НБРМ да овозможни лица со двојно државјанство да имаат банкарски сметки и во странски држави е дорбо осмислен потег на ВМРО-ДПМНЕ за да излезе во пресрет на своите функционери кои имаат двојно државјанство и кои се соочуваат со можноста од кривична одговорност за разни видови на злоупотреби на државните ресурси.
„Донесувањето на ваква одлука во еден чувствителен предизборен период и во моменти на засилени истражни дејства од СЈО, не само што го дискредитира грувернерот Димитар Богов, туку укажува и на намерата на одредени структури од власта во последен момент да отворат канали за изнесување на нелегално стекнатиот капитал и пари од државата“, рече Мисовски.
Мисовски нагласи дека, освен тоа што е во тек процес на изнесување на нелегално стекнатите пари, се води и процес на затскривање на нелигитимноста на целокупната власт. Според него, во оваа насока владејачката партија прибегна и кон Уставниот суд, со чија скандалозна одлука за враќање на надлежноста на претседателот за амнестија и помилување за изборен криминал ќе се обиде да ја прикрие узурпацијата на граѓанската волја што се има случено на изминатите неколку изборни циклуси, за што, според него, зборуваат и големиот број на фантомски гласачи.
„Сега Груевски топаката ја префрли кај Иванов, но сите ние од опозицијата, како и политички неопределените граѓани кои сакаат враќање на правната држава, мора да се се избориме да спречиме претседателот да се дрзне да амнестира или помилува лица кои на перфиден начин ја узурпирале волјата на гласачите“, рече Мисовски.
Претседателите на општинските организации го запознаа Мисовски со активностите кои ги спроведуваат во пресрет на предвремените парлементарни избори, притоа истакнувајќи ја подготвеноста и мобилизираноста на целокупното членство на НСДП, од овој изборен регион, да го даде својот максимум во завршната политичка битка против власта на ВМРО-ДПМНЕ.