Мисијата на ОБСЕ во Скопје повикува на смиреност и разум

Од:

Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку соопштение изрази жалење за трагичната загуба на еден млад живот во Ѓорче Петров, по што следеа дводневни немири и повикува на смиреност и разум.

– Ги следиме случувањата со голема загриженост. Знаеме дека властите го испитуваат ова кривично дело, затоа сега е од исклучително значење да се препуштат работите на истражните и судските органи, се вели во изјавта на шефот на Мисијата, амбасадорот Ралф Брет.

Тој подвлекува дека е потребна солидарност со семејството на жртвата, а не насилни протести и уништување имот.

– Во минатото граѓаните на оваа земја покажаа способност да се зближат во тешки моменти. Ги повикуваме сите да се свртат кон овие вредности. Ниту една заедница не треба да носи колективна одговорност за делата на една индивидуа, порачува амбасадорот Брет во соопштението.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов