А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и МВР започнаа со проектот за намалување на ризикот од ширењето на оружје и муниција

by А1он30/11/2017 - 16:52161
Share0

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи денеска во Скопје започнаа нов проект со цел намалување на ризикот од ширење на оружје и муниција и зголемување на безбедноста на постојните резерви на мало и лесно оружје.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Земјите-членки на ОБСЕ ја согледуваат важноста на борбата против недозволената трговија со мало и лесно оружје,“ рече шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен. “Мисијата ќе ја продолжи соработката со Министерството за внатрешни работи во насока на намалување на недозволената трговија со мало и лесно оружје, како и во борбата против организираниот криминал и транснационалните закани кои претставуваат ризик за безбедноста за земјата и регионот“.

Мисијата и Министерството за внатрешни работи потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на проектот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече: „Потпишувањето на овој Меморандум е плод токму на тие заеднички напори и е израз на унисоното разбирање на важноста од целосно и навремено спроведување на одговорностите преземени од страна на земјите-членки на ОБСЕ во делот на малото и лесното оружје, како и по однос на резервите на конвенционална муниција што се наоѓаат на нивните национални територии.“

Следете a1on на Youtube YouTube

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија и Сојузното Министерство за надворешни работи на Германија.

„Најважниот резултат што го очекуваме од овој проект е да ги намалиме транснационалните закани и успешно да се бориме против организираната криминална активност преку спречување на нелегален влез на оружје и со тоа спречување на ширењето на оружје,“ рече амбасадорот на Германија, Томас Герберич.

Тибор Варади од Делегацијата на ЕУ во Скопје рече дека големото присуство на огнено оружје во Југоисточна Европа и недостатокот на доволни капацитети за целосно обезбедување на малото и лесно оружје и муниција, се причина за голема загриженост во ЕУ и нејзините земји-членки.

„Во последниве години, заканата од домашното огнено оружје што се пренесуваше во ЕУ се зголеми и зазеде важно место на агендата на политики. Земјите-членки и институциите на ЕУ ја согледуваат потребата од градењето партнерства, особено во Западен Балкан, за заеднички да се справиме со нелегалните текови и ширењето на огнено оружје “, рече тој.

mvrobseoruzje

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео