Мисајловски: Заев да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради во Македонија

Од:

„Зоран Заев треба да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради во Република Македонија, наместо да се занимава со лаги и измислици. Лагите на Заев нема да го подигнат стандардот на граѓаните и нема да го покријат неработењето на антиреформската влада.

Заев во интервјуто на националниот сервис лажеше за бројот на автопати кои се градат, односно конкретно, дека не се работи на автопатот Кичево – Охрид. Се градат три автопати и ниту еден не е застанат со градба. Тоа може лесно да се провери на терен. Она што може да ги запре работите на терен и сите оние автопати е неспособноста на СДС и антиреформската влада.

Заев во интервјуто пред два дена рече и дека ќе се трошеле пари само за капитални инвестиции. Пред да смислува лаги кои без никаков проблем ќе ги кажува, треба прво да ги провери фактите и да види колку проекти за капитални инвестиции има во моментот.

Еве само дел од нив.

Покрај споменатите автопати Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, се проектира изградбата на автопатот Гостивар – Кичево, како и на делницата Скопје – Блаце.
Понатаму ги имаме:
– Рехабилитација на автопатските делници Смоквица – Гевгелија – Неготино – Демир Капија;
– Куманово – Миладиновци;
– Миладиновци – Куманово;
– Велес – Градско;
– Изградба на експресни патишта Градско – Прилеп;
– Ранковце – Крива Паланка;
– Изградба на нов експресен пат на делницата Штип – Кочани;
– Изградба на експресен пат Штип – Радовиш;
– Рехабилитација на магистрален пат Битола – Ресен – Буково;
– Реконструкција на регионални патишта Бошков мост – Дебар;
– Кочани – Делчево;
– Опае – Бељаковце – Станичиќ;
– Липково – Арачиново;
– Скопје – Македонски Брод;
– Доизградба на регионален пат во Вевчани;
– Реконструкција на регионални патишта Гостивар – Кичево;
– Сопиште – Говрлево;
– Припор – Сопиште;
– Проектирање за реконструкција на регионален пат Пробиштип – Крупиште.

И да повторам. Ова се само ДЕЛ од капиталните инвестиции во патната инфраструктура во Република Македонија. Заев може да кажува лаги на интервјуа колку што сака, но ова се фактите и од нив бегање нема.

Наместо лаги, Заев на граѓаните треба да им ги објасни новите 500 километри автопат кој ќе ги гради во Република Македонија, односно кога ќе ги градат, каде ќе се наоѓаат овие автопати и колку пари ќе чинат. Тоа е она што ги интересира граѓаните.

Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006-та година не наследи ниту еден квалитетен проект за да може да се почне со некаква градба. Токму затоа изминатите години интензивно се работеше и на документација за проектирање, покрај изградбата која е видлива на терен и секако дека може и јавноста да ја види.

Дополнително, Заев треба да знае и дека Јавното претпријатие за државни патишта сама ги враќа кредитите и е самофинансирачка институција која има големи средства на својата сметка. Во време на СДС имаше само еден проект кога се во прашање патиштата, кој многу потсеќа на економската логика „Евро за Вицето“ на анти-реформаторите на Заев: тоа е проектот „пола-пола“ кој се спроведуваше на патарините низ цела Македонија.

Граѓаните не сакаат антиреформи.

СДС не смее да ја повтори приказната од 15-ти септември кога народот беше сведок на најголемата лага за вработување по еден член од секое семејство.

Граѓаните очекуваат 500 километри нов автопат. Исто така очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните не очекуваат неработници кои со лаги ќе сакаат да го сокријат својот антиреформски капацитет“, изјави Владо Мисајловски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024