Мисајловски: Власта е на одмор, додека Македонија гори, народот и пожарникарите се хероите кои ќе ја спасат оваа држава

Од:

– Македонија се соочува со огромна катастрофа. Пожарите загрозуваат села и градови, загрозуваат животи и имот на граѓаните, уништија илјадници хектари шуми, а власта никаде ја нема. Прогласија кризна состојба и ги снема рече на прес конференција потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Го оставија народот сам на себе. Граѓани со лопати и кофи гасат пожари, мака мачи да си го заштити животот и имотот, да ја спаси Македонија, кој со што може и има. И три дена нема ни трага ни глас од Заев. Тој е првоодговорен за состојбите. ВМРО-ДПМНЕ целосно е посветена и се става на располагање пред потребите на граѓаните, на пожарникарите, на располагање на сите институции, за се што е потребно. Не е време за политиканство.Додека власта е на одмор, додека Македонија гори, народот и пожарникарите се хероите коишто ќе ја спасат оваа држава“ – рече мисајловски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?