Мисајловски: Се обврзуваме на 1.000 километри регионални патишта

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа за пратеници во втората изборна единица Владо Мисајловски при денешната посета на Шуто Оризари истакна дека Шуто Оризари е целосно запоставено од владата на СДСМ и Зоран Заев кои, како што рече, тука ниту ги остварија ветувањата за подобра инфраструктура, а ниту за подобар живот на младите, кои поради невработеноста се иселуваат и среќата да ја бараат надвор од Македонија.

Тој додаде дека таквите времиња завршуваат на 15 јули, кога власта ќе ја преземе ВМРО-ДПМНЕ како единствена партија која го остварува тоа што ветува и единствена партија која гради инфраструктура.

– Ќе има многу проекти, 1.000 километри регионални и локални патишта кои се многу потребни за граѓаните, ќе се намалат трошоците за извршителите, се обврзуваме, сите млади квалитетни луѓе ќе го добијат својот правец, поголеми плати за 25 отсто, поголеми пензии за 20 отсто, а за младите до 29 години ќе има посебно место за вработување во бизнисот да нема давачки за нив, изјави Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

Мисајловски: Потребни се избори, тие се единствено разумно решение за излез од кризата, ДУИ и СДС вештачки се одржуваат на власт, а Македонија тоне

Предраг Петровиќ

Мисајловски: Законите за автопатите на „Бехтел и Енка“ не се реформски процеси и тие не смеат да бидат со европско знаменце

Мисајловски: Одбивањето на оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал и дека не чуствуваат одговорност

Мисајловски: Од утре почнува кампањата за собирање потписи за поништување на Законот за попис

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мисајловски: Ќе поднесеме интерпелација за Николовски и за Маричиќ

Катерина Ѓуровски