Мисајловски: СДС да почне да работи, да не измислува разни изговори

Од:

„СДС да почне да работи, да го реализира ветеното и да не измислува разни изговори. СДС наместо да се однесува како опозиција да се фати за работа во реализација на ветеното, граѓаните очекуваат од СДС нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.000 километри локални патишта, а не политизирање кое не им носи реален бенефит, ниту на граѓаните, ниту на државата.

Еден месец откако СДС е на власт, а граѓаните од нив гледаат само уривање, блокирање и уништување, граѓаните очекуваат од СДС да престанат да си игра со големите инфраструктурни проекти од значење за државата и да продолжи со нивна реализација.

Пред недела дена СДС ја проблематизираше изградбата на автопатот Кичево-Охрид, за сега да наоѓаат изговори и во изградба на експресниот пат Прилеп-Градско. ВМРО-ДПМНЕ потенцира да се фатат за работа и да го изградат автопатот кон Охрид и експресниот пат Прилеп-Градско, единствен проблем со кој се соочува изградбата на инфраструктурни проекти е неспособноста на СДС.

Големите инфраструктурни проекти, се проекти кај кои секаде во светот се јавуваат одредени пречки во текот на градбата, но напоменуваме дека решенијата за истите се решаваат со работа и не се предизвици заради кои треба да запре изградбата.

Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ се од витално значење за Република Македонија и не смеат да трпат застои или одложувања, сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења.

Експресниот пат Прилеп-Градско е пат од огромно значење не само за жителите на Прилеп и Градско, туку и за целиот поширок регион на централна и јужна Македонија, кој ќе го забрза протокот на возилата и ќе допринесе за поголем економски развој и неговата реализација не смее да трпи заради неспособноста на СДС“, изјави Владо Мисајловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски