Мисајловски од кумановско: Потребна е обнова во сите сегменти

Од:

Носителот на листата од ИЕ2 од ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски и кандидатите за пратеници од оваа изборна единица денеска остварија средби со жителите на кумановското село Љубодраг на кои им ги презентираа проектите со кои настапува Коалицијата на овие парламентарни избори.

Мисајловски истакна дека граѓаните постојано им кажуваат за проблеми од инфраструктура, земјоделците не се задоволни, граѓаните имаат нерешени прашања, за кои рече општината или некој локален функционер не сака да им помогне, бидејќи граѓаните ја дале довербата на ВМРО ДПМНЕ, а централната и локалната власт се на СДСМ.

– Сакам еден апел и до централната и до локалната власт, иако технички премиер Оливер Спасовски, иако локалната самоуправа е на СДСМ немојте да си поигрувате со интелигенцијата на граѓаните и немој да ги правите некои граѓани дека се граѓани од втор ред. Ако имаат предмети за легализација не им ги чувајте во вашите фиоки-решете им ги. Ако сте ветиле нешто претходно со децении, дојдете појавете се пред овие луѓе тука каде што сум јас и објаснете им зашто тоа сте го ветиле, а не сте го направиле, рече Мисајловски.

Тој истакна дека народот со години е лажен од локалната власт и се соочуваат со проблеми кои со мали зафати се решливи. Носителот на листата ги повика граѓаните да им дадат масовна поддршка за обнова на Македонија, за ВМРО ДПМНЕ и за Коалицијата „За Обнова на Македонија“.

Тој рече дека е потребна обнова особено за инфраструктура во Куманово, во руралните средини, вложување на средства за секое населено место,

– Треба обнова на културата, семејните вредности на традицијата или како што ми кажуваат повеќе граѓани ни треба обнова на идентитетот, на македонизмот и на она што сме ние-вели Мисајловски.

Тој се надева дека ќе победат во Куманово и ќе се променат повеќе работи и рече дека и по изборите ќе бидат помеѓу граѓаните за да им се решат реалните проблеми со кои се соочуваат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ