Мисајловски: Нема никаква реализација од ветените 500 километри нови автопати

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата предводена од СДСМ нема ништо реализирано од ветените 500 километри нови автопати.

Владо Мисајловски на прес-конференција рече дека речиси сите проекти коишто претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги имала отпочнато, се сопрени и оти Владата на СДСМ со запирањето на изградбата на автопатите го покажала, како што посочи, своето незнаење.

– Владата на СДС преку неоправданото прекинување на изградбата на автопатите остави во неизвесност над 2.000 работници кои токму преку овој ангажаман обезбедуваа егзистенција за своите фамилии. Владата на СДС остави десетици домашни фирми и претпријатија кои директно или индирекно беа ангажирани во изградбата без можност да работат и со тоа да придонесуваат во домашната економија, рече Мисајловски.

Тој додаде дека СДСМ нема реализација во патната инфраструктура и оти за изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп биле обезбедени средства уште минатата година кога е распишан и тендерот, а сега завршил рокот за доставување понуди за изградба од страна на компаниите.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус