Мисајловски: Не треба дефокусирање од потребите на граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е постојано со граѓаните и ние во овој период финишираме со правењето на изборната програма, која ќе биде најобемната досега, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со граѓаните во општина Василево.

Според него, најголемиот број проекти доаѓале токму од средбите со граѓаните.

– Се работи за проекти од инфраструктурата, градинки, болници, се она што ние како Влада може да го помогнеме. Многупати сме кажале дека треба да одиме со позитивна енергија, треба позитивни проекти да и се случуваат на Македонија и затоа сме на терен. Не треба да има дефокусирање од она што навистина им треба на граѓаните, а тоа се проектите, а не мрачни сценарија, кој никој во Македонија не ги заслужува, истакна Мисајловски.

Според него, развојот на економијата е приоритет и еден од најважните сегменти. За успехот на тоа поле зборува и последниот извештај од Дуинг бизнис, што според Мисајловски, е признание за напорите на Македонија да биде конкурентна со другите држави во привлекување на инвестиции.

– Општина Василево има голем број инвеститори, домашни и странски. Таа е можеби една од ретките општини што ги има продадено сите парцели во индустриските зони. Затоа мора да продолжи поддршката за отворање нови работни места и министерството да поддржува оттуѓување нови градежни парцели за да стигнеме до секој човек кој нема работа, да може да добие и да му се овозможи квалитетен живот, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза