Мисајловски: На 15 јули масовно да излеземе на гласање

Од:

Носителот на листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ на втората изборна единица, Владо Мисајловски попладнево оствари средба со граѓаните на населба Волково.

Тој упати апел до граѓаните да излезат на гласање во што поголем број и да ги почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од коронавирусот.

– Да излезете на гласање во што поголем број за да ја земеме во свои раце иднината и да не дозволиме други да ни ја одредуваат судбината. Јас планирам да oстанам во Ѓорче Петров, нашите деца да останат тука. Но, ако седиме дома и само критикуваме нема да можеме да победиме. Затоа ви благодарам на сите што доаѓате, ви благодарам на сите што одвојувате еден атом од вашата енергија за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, порача Мисајловски.

Ги поздравувам, додаде тој, и оние кои што во минатото гласaле против нас и да им упатам порака дека секогаш се добредојдени во ВМРО-ДПМНЕ за да ни помoгнат, затоа што сите сме заедно во оваа битка.

Мисајловски упати порака и до политичките опоненти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие парламентарни избори и дека тие се добредојдени да им се придружат, затоа што, како што рече, ние сите сме луѓе кои што имаме една цела и една идеја – Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мисајловски: Одвратно е однесување на СДС и Пендаровски кон Силјановска Давкова

(ВИДЕО) Мисајловски: Сплотени, заедно од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени и повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова

(ВИДЕО) Мисајловски: Време е за промени, ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мисајловски: Во Македонија има премногу сива економија, првата работа за која ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага е борбата против криминалот и корупцијата

Орце Костов