Мирни протести пред Македонскиот Конзулат во Мелбурн оваа недела

Од:

Координативното тело на здружени македонски организации и друштва од Мелбурн, Австралија, ја информира Македонската заедница во Мелбурн дека на 24ти Април 2016, ќе се одржи мирен јавен протест пред канцеларијата на Конзулатот на Република Македонија, пред 492 St. Kilda Road, Melbourne во 2 часот попладне.

Целта на овој собир е да се одржи мирен протест од страна на Македонската заедница во Викторија против неодамнешната одлука на Претседателот на Република Македонија со која тој аболираше 56 политичари и други личности, притоа ослободувајќи ги од правна одговорност за наводните коруптивни и други криминални дела кои биле сторени.

Нашата цел е да испратиме јасна порака дека не може да постои правда без владеење на правото и демократија.

Воедно го повикаме Претседателот на Република Македонија да ја поништи одлуката за аболиција и веднаш да си даде неотповиклива оставка.

Дополнително, сакаме да испратиме цврста порака дека единствениот легитимен начин за решавање на длабоката политичка криза во Македонија е преку одржување на избори во Република Македонија кои избори ќе бидат вистински демократски, слободни и фер.

Такви избори неможе и не смее да се одржат пред да има пречистен избирачки список, непристрасни медиуми, одвојуваwе на партијата од државата, и посебно за Дијаспората, јасна и транспарентна постапка за регистрирање за гласање и кандидирање на кандидати во Дијаспората.

Координативното тело досега ја има подршката од: МПД Брат Љубе Бошкоски, ЗК ВМРО – Народна Партија Мелбурн, Потомците на Александар, Обединети за Јохан, Македонска Алијанса, Достоинство Австралија, Советот на македонската Заедница, и останати друштва и организации.

Координативното тело ги повикува сите македонски организации, клубови и асоциации во Викторија, како и претставниците на задграничните комитети и подржувачите на сите македонски политички партии во Викторија, да го подржат и да се придружат на овој протест.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски