Мирен протест на велешките пензионери со блокирање на сообраќајници во новиот дел од градот

Од:

Во Велес околу 200 пензионери организирани преку Иницијативниот одбор на „Здружението за достоинствен живот Велес“ вечерва и покрај дождот од 17 до 18 часот повторно излегоа и мирно протестираа со блокирање на сообраќајот на некои од велешките главни улици.

Како што информира за МИА, Кире Василевски претседател на Иницијативниот одбор на ова здружение на пензионери, нивните протести ќе продолжат и понатаму се додека Владата и Министерството за труд и социјална политика не ги исполнат нивните барања. Пензионерите бараат пет илјади денари линеарно покачување на пензиите и минимална пензија од 20 илјади денари, како и итна ревизија на сите здруженија на пензионери во земјава и седиштето на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија

– Во текот на утрешниот ден следат повеќе активности, а следната недела и нов радикализиран протест со најверојатно блокирање на влезот на Велес од клучката кај „Штипско џаде“, но за тоа ќе информираме дополнително, најави Василевски.

Тој најави дека деновиве ќе има и нов состанок за договор на понатамошни активости од страна на Иницијативниот одбор на „Здружението за достоинствен живот на пензионерите“ на ниво на држава, кога треба да бидат избрани и нови органи и тела на ова здружение.

Инаку, изминатиот четврток велешките пензионери организирани преку оваа здружение имаа мирен протест со блокирање на сообраќајот во центарот на градот од Плоштадот С“рмаале до поранешната стоковна куќа НА-МА.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов