Мирен протест на учениците во велешката населба Превалец

Од:

Педесетина ученици од прво до петто одделение од населбата Превалец кај Велес денеска започнаа со бојкот на наставата, кој ќе продолжи и утре, како предупредување до надлежните со барање за подобри услови за изведување настава.

Родителите на учениците истакнаа дека тие не ги пуштаат своите деца на настава, затоа што имаат неколку основни барања, а како прво подобрување на хигиената во училиштето и преместување на електричниот столб од дворот на училиштето. Тие бараат од надлежните нивното училиште да се одвои од училиштето ОУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари и да се припои кон велешкото Основно училиште „Васил Главинов“ кон кое првично биле припоени во 70-те години. Сето тоа, појаснуваат, бидејќи ова велешко училиште е поблиску за учениците отколку ОУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, а каде мора да одат на настава од шестто одделение.

Тие посочуваат дека барање за припојување на нивното училиште кон велешко училиште кон кое припаѓаат и со реонизација поднеле уште во 2011 година,а и во февруари оваа година.Од локалната власт не добиле одговор, а од Министерството за образование и наука им одговориле дека тоа треба да го решат надлежните од Општина Велес.

Родителите се жалат и за комбинираната паралелка во училиштето во Превалец помеѓу учениците од четвртто и петто одделение.

Градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев на денешната прес- конференција најави решавање на дел од проблемите. Оцени дека реакциите на родителите и учениците за нивото на хигиената се на место и поради тоа ќе се преземат одредени дисциплински мерки.

– Но, по реакциите са комбинираните паралелки не може да се преземе ништо, оти е спротивно на Законот не се дозволува паралелки со по девет и десет ученика во одделение. Што се однесува за припојувањето кон Основно училипте од Велес тоа во овој момент е неостварливо бидејќи наставната година е веќе започната и не е можна никаква нова реонизација, изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов